Скопската противпожарна бригада синоќа двапати интервенираше во пожарите што зафатија подрумски простории и куќа.
Во првиот случај околу 10.30 часот во подрумските простории на зграда на ул. „Јуриј Гагарин“ бр. 28, настанал пожар, при што од пожарот со повреди се здобиле А.В. (83) со изгореници на рацете и Б.Н. (60), кој вдишал од чадот.
Истите се пренесени во Клиничкиот центар на токсикологија за укажување лекарска помош.
Вечерта во 23.19 часот во ЕИК, од страна на БППЗ-Скопје било пријавено дека на ул. „Жорж Бизе“ настанал пожар во куќа. Од страна на Итна медицинска помош, на Одделот за токсикологија бил пренесен Г.К. (43), на кој му биле констатирани телесни повреди и вдишена поголема количина чад. Пожарот бил целосно локализиран.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на двата пожара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст