| четврток, 6 декември 2018 |

Повреден возач во сообраќајка на патот Ресен-Прилеп

Вчера попладне во 16.10 часот на патот Ресен-Прилеп, кај местото викано Раштанска населба, се случи сообраќајна незгода во која повреден е А.И. (34) од с.Алданци, крушевско.

Управувајќи со возило „пежо 206“ со швајцарски регистарски ознаки, А.И. поминал на левата страна од коловозот, по што удрил во заштитната ограда и се извртел. Од незгодата, А.И. се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на прв слабински прстен). На истиот му била укажана лекарска помош во КБ-Битола.

Увид извршила екипа од СВР-Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top