За разлика од САД, каде што семејството и децата на политичарите се постојано во медиумите, па дури и дел од нивната кампања, руските лидери и моќници блиските и приватниот живот ги чуваат како најголема тајна.
Дури неодамна руските медиуми се осмелија да пишуваат за новиот живот на поранешната сопруга на Владимир Путин.
Руски „Ањуз“ ги претсетавува децата на рускиот претседател, премиерот Дмитри Медведев и на олигархот Роман Абрамовиќ.
Ќерките на Путин
За да ја зачува својата анонимност, 29- годишната ќерка на Путин го зела моминското презиме од баба и. Катерина Тиконова лани беше актуелна во светските медиуми бидејќи учествуваше на Светскиот шампионат во рокенрол-танцување.
Таа, исто така, е на чело на фондција вредна 150 милијарди рубли за еден од најголемите проекти на Московскиот универзитет за технологија.
Омажена е со 33-годишниот бизнисмен Кирил Шамалов, син на еден од пријателите на Путин, милијардер и, меѓу другото, сопственик на лускузен замок на азурниот брег.
Животот на најстарата ќерка на Путин, исто така, беше мистерија до неодамна. Марија, позната и како Маша, е крстена по мајката на Путин.
Таа е омажена за холандскиот бизнисмен Јорит Фасен, кој е дел од „Газпром“.
Маша е ендокринолог, а својата диплома ја здоби на Државниот универзитет во Москва.
Синот на Медведев
За разлика од Путин, рускиот премиер Дмитри Медведев не го крие својот син од јавноста.
Илија Медведев дури беше и дел од најпознатото руско телевизиско шоу за деца „Ералаш“, а наводно улогата ја добил самостојно, бидејќи продуцентите не знаеле дека станува збор за „познато дете“.
Денес, 20-годишниот Илија е студент, кого го опишуваат како многу нормално и темпераментно момче, кое постојано е насмеано.
Ќерката на Роман Абрамович
Од осумте деца на милијардерот Роман Абрамович, најпозната е 20-годишната Софија и тоа благодарение на „Инстаграм“.
Иако во описот на социјалната мрежа имаше напишано „Да се биде нормален е здодевно“, во нејзините фотографии никогаш немаше претерување, таа никогаш не се расфрлаше со сето тоа што го има, пишува порталот. Но, таа стана цел на многу лоши коментари и навреди, кои како да станаа тренд.
Софија го избриша профилот и отвори нов, приватен, а единствените јавни фотографии што ги споделува на „Фејсбук“ се поврзани со нејзината најголема страст – коњите и јавањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.