Американското ФБИ соопшти дека уапсило лице осомничено дека испратило писмо со отров – рицин на адреса на претседателот на САД, Барак Обама, на сенатор од Мисисипи и на уште неколку негови колеги.
Според агенцијата „Асошиејтед прес“, станува збор за Пол Кевин Куртис од Мисисипи, кој ги испратил писмата од Мемфис во Тенеси.
И во двете писма, кои имале иста содржина, биле најдени гранули од смртоносниот отров.
Поради пратките, вчера неколку часа биле затворени две згради во Сенатот во Вашингтон.
Мотивите за испраќањето на писмата сѐ уште не се соопштени, но, неофицијално, Куртис и претходно бил познат по тоа што им пишувал писма на американските официјални лица. Куртис на социјалните мрежи себеси се претставува како музичар. Американските медиуми соопштија дека ФБИ не нашол врска меѓу писмата и бомбашкиот напад во Бостон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





