Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Лубомир Заоралек.
На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Македонија, исполнувањето на стратешките определби поврзани со интегративните процеси, како и можноста за унапредување на соработка помеѓу двете држави.
Груевски ја афирмираше определбата за организирање на фер, слободни и демократски избори, во согласност со утврдените рокови прецизирани со изборниот законик. Тој истакна дека врвен интерес на ВМРО-ДПМНЕ е изборите да поминат мирно и во демократска атмосфера, и дека тие се клучни во надминување на наметната политичка криза.
Груевски се заблагодари за поддршката од Чешката Република во поглед на остварувањето на евроатланските интегративни процеси на државата посочувајќи дека тие ќе продолжат да бидат врвна стратешка определба.
Заоралек ја истакна важноста од поскоро одржување на изборите како начин за премостување на политичката криза. Тој посочи дека на Република Македонија, но и на европските партнери им е потребно стабилна влада која ќе може да се соочи со глобалниот предизвик на мигрантската криза, како и продолжување на процесите важни за Република Македонија. Тој истакна дека за продолжување на економскиот развој и на започнатиот прогрес во оваа сфера клучно е воспоставување на стабилна влада, која треба да се добие на избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст