Питер Ванхојте, европскиот олеснувач во политичкиот дијалог потврди дека денеска имал средба до челните луѓе од СОРОС фондацијата во Македонија. Како што објави „Република“, во период кога траат консултациите за законот за медиуми, на средбата Владимир Милчин и други неколкумина од организациите- ќерки на Сорос, од Белгиецот барале „да се продолжи со притисокот“.
Ванхојте ја потврди средбата , но сепак тој не сакаше да ја коментира содржината од средбата, ниту за што тоа се барало да се продолжи со притисок.
– Не можам да дадам никаков коментар околу тоа. Тоа беше приватна средба, јас како граѓанин имам право на приватни средби- телефонски одговори олеснувачот.
Прашан повторно за тоа за каков притисок и кон што се барало од него да продолжи, белгискиот посредник нагласи дека „дури и во оваа држава имал право на приватни средби“.
-Нема да коментирам, тоа беше приватна средба, јас сум слободен граѓанин, дури и во ова држава имам право да правам што сакам- вели Ванхојте за „Република“.
Ваквиот став на Ванхојте кон државата не изненадува. За потсетување, неодамна посочи дека Македонците не се достојни за европски закони, за што наиде на критики од јавноста.
За време на преговорите, пак, тој не се воздржуваше од недоличен и безобразен речник.
-Престанете да се*ете“- врескал европјанинот среде преговорите на што претходело и неурамнотежено однесување на сите средби кога со викање се заканувал кон присутните жени.
Денешниот работен појадок со соросовите организации за натамошната активност на Ванхојте во македонскиот политички живот само го потврдуваат тоа за што од поодамна се посочува. Законскиот предлог на Ванхојте како нацрт-закон за медиумите предвидува вметнување на таканаречените невладини организации и експерти кои се под капата на СОРОС. Тие би требало да го заземат местото на медиумските работници, МАНУ и другите релевантни институции во државата.
СОРОС Фондацијата во Македонија, пак, е тесно поврзан со креирањето на политиките на СДСМ, а во мај минатата година се јави и како организатор на митингот на опозицијата.
Слична поврзаност со СДСМ има и олеснувачот кој што во Македонија е познат по неговата срдечност кон подмладокот на СДСМ, како и по активностите на социјалните мрежи против политиките на македонскиот државен врв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Експлозивна направа пронајдена во близина на домот на Сорос
-
Ванхојте за Фактор: ВМРО-ДПМНЕ да не учествува на избори додека не се демократизира, а Владата да не „купува“ гласови на пратеници
-
Сорос ја напушта Будимпешта, се сели во Берлин
-
Унгарски портал “888”: Зоран Заев е човек на Сорос и тоа сè повеќе се гледа во несреќната балканска земја