Италијанскиот премиер Матео Ренци изјави дека Европската унија е како „оркестар што свири на Титаник додека тоне“.
Во интервју за Блумберг тој ја повика ЕУ да ја промени насоката и повеќе да се фокусира на растот и вработувањето, а помалку бирократска, јави Танјуг.
– Спроведовме реформи и во позиција сме да им кажеме на нашите европски партнери – пријатели, можеме да го измениме овој погрешен бирократски пристап, изјави Ренци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.