| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарки краделе по скопските автобуси

jsp

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Н.И.Г.(42) и И.Н.Е.(21), бугарски државјанки, поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела кражба (џепна) при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 4.000 денари, за што од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка 1 година затвор, условно за 3 години, лицата се протерани и им е забранет влез во РМ во времетраење од 5 години.

Двете кривични дела се извршени на пладне, една на подрачје на Центар, другата на подрачје на Аеродром во автобуси, на тој начин што искористувајќи ја гужвата со протнување на рака во ташните од оштетените одзеле паричници со пари и лични документи.

Пријавените по извршување на второто кривично дело се симнале од автобус на автобуската постојка наспроти ТЦ Скопјанка и  паричниците ги фрлиле во канта за ѓубре, при што биле забележани од страна на полициските службеници кои при проверка во кантите за смет ги пронашле паричниците, а додека пријавените откако приметиле дека се забележани од ПС се дале во бегство, и по кратко време истите биле  фатени и лишени од слобода и приведени во  ПСОН Аеродром, каде со потврда  украдените паричници со пари и документи им се вратени на оштетените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top