Европскиот олеснувач на политичкиот дијалог, Белгиецот Питер Ванхојте, денеска имаше конструктивен, но таен работен појадок во еден од локалите во скопско Дебар маало со довчерашниот прв човек на СОРОС во Македонија, Владимир Милчин.
Заедно со нив биле и уште неколкумина, меѓу кои и виден член на соросовите ќерки-организации, кои се борат против „Режимот“ во Македонија.
Што ли тоа му сервирал Милчин на „независниот екстперт“, за сега нема целосна информација. Но, според добро запознаени извори, на Ванхојте му било посочувано дека „сега мора да се продолжи со притисокот“.
Дека нема заблуда „во превод“, се нагласува дека соговорниците зборувале македонски, а на маса била присутна и преведувачка која му пренесувала на Белгиецот.
Ваквата средба не е изненадувачка, а на поврзаноста и вмешаноста на СОРОС во тоа што се договара се укажува од поодамна.
Дури и законскиот предлог на Ванхојте како нацрт-закон за медиумите предвидува вметнување на таканаречените невладини организации и експерти кои се под капата на СОРОС. Тие би требало да го заземат местото на медиумските работници, МАНУ и другите релевантни институции во државата.
СОРОС е тесно поврзан со активностите на СДСМ, а во мај минатата година се јави и како организатор на митингот на опозицијата.
Слична поврзаност со СДСМ има и олеснувачот кој што во Македонија е познат по неговата срдечност кон подмладокот на СДСМ, како и по активностите на социјалните мрежи против политиките на македонскиот државен врв.
„Република“ очекува одговор од Владимир Милчин и од олеснувачот од Белгија за темата на „работниот појадок“ и за тоа на што се однесува барањето да не се отстапи од „притисокот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Експлозивна направа пронајдена во близина на домот на Сорос
-
Ванхојте за Фактор: ВМРО-ДПМНЕ да не учествува на избори додека не се демократизира, а Владата да не „купува“ гласови на пратеници
-
Сорос ја напушта Будимпешта, се сели во Берлин
-
Унгарски портал “888”: Зоран Заев е човек на Сорос и тоа сè повеќе се гледа во несреќната балканска земја