| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонците ја градат највисоката зграда во светот

Во јапонската  престолнина Токио, планирано е да се изгради највисоката зграда на светот, дури двојно повисока од Бурџ Калифа, што со своите 828 метри моментално е највисока на светот.

133022988-540x320

Новото архитектонско чудо што Јапонците имаат намера да го изградат треба да биде високо околу 1.700 метри, во него ќе живеат 55.000 лица. Изградбата на оваа зграда е планирана во југоисточниот дел на градот.

Планираната зграда треба да се нарекува „Скај мајл тауер“ ќе има шестстрана основа и ќе биде опкружена со вештачки езера, кои ќе имаат функција на заштита на Токио од поплави, а целиот овој регион ќе биде и дом за половина милион луѓе.

Завршувањето на изградбата е планирано за 2045 година. На вештачките острови е планирана изградба на електроцентрала на ветер, поставување соларни панели и фарми за алги, што треба да биде доволно за производство на електрична енергија.

Во комплексот згради е планирана изградба на сите неопходни пропратни објекти, како трговски центри, ресторани, хотели, библиотека, болница и други објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top