Телевизиската станица „Фокс“ од својата веб-страница ја повлече неодамна емитуваната епизода од серијата „Family Guy“, во која е прикажано убиство на бостонскиот маратон. По трагедијата во Бостон, на интернет почна да кружи изменет извадок од епизодата „Turban Cowboy” во која се прави пародија од трагичното случување.
Во оригиналната епизода главниот лик Питер Грифин ја прегазува натпреварувачката за да победи во маратонот, по што се сретнува со терорист кој се заканува дека ќе го разнесе мостот. Во изменетата верзија двата дела од цртаниот се споени, така што изгледа како главниот лик да ја предизвикува експлозијата, а потоа се прикажува „масакрот“ по неговото прегазување со автомобил. Секако, почнаа да кружат и коментари дека епизодата е пророк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


