Шпанската политичарка Олвидо Хормигос, која минатата година се најде среде скандал откако на интернет се појави снимка од нејзиното самозадоволување, се соблече топлес за магазинот „Интервју“ (Interviú).
Оваа поранешна советничка во шпански град се одлучила на ваков чекор за да покаже дека со своето тело може да прави што сака.
Четириесет и двегодишната политичарка поднесе оставка поради притисокот од јавноста за објавените снимки. Сега тврди дека е важно личноста што ги постирала снимките на интернет да биде фатена и казнета. Снимката ја испратила на фудбалер со кого била во врска три месеци.
– Фудбалерот сѐ уште шета низ град како ништо да не се случило. Мора да плати за тоа. Луѓето мислат дека сум од камен, но тоа беше грозно. Морав да продолжам со животот понатаму – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


