| четврток, 6 декември 2018 |

Се родија Хрвоје и Кроација – вака никогаш нема да заборават каде се родиле

Две новороденчиња од родители сириски бегалци деновиве се родија во хрватските болници. Во знак на благодарност кон земјата, родителите се решија да им дадат вакви имиња на новороденчињата.

Сириска брачна двојка, која го доби своето трето дете во болница во Славонски Брод, одлучи во знак на благодарност кон Хрватска да го нарече своето новороденче Мухамед Хрвоје.

Бебето е родено вчера и е тешко 2.850 грама и долго 50 сантиметри.

– Во знак на благодарност за се што сторивте за нашите сонародници, но и поради односот кон нас и грижата која и е пружена на мојата сопруга, се одлучивме за ова име за нашиот син, изјави пред новинарите Али Кадро, кој во Хрватска со семејството стасал од Алепо, Сирија.

Во петокот, исто така во Славонски Брод, се роди малата Кроација. Таа беше тешка 4.130 грама, а долга 54 сантиметри.

-Вака никогаш нема да заборави каде се родила – велат задоволните медицински сестри од тамошната болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top