| четврток, 6 декември 2018 |

Дуели за полуфиналето во фудбалскиот Куп на Германија

Со два натпревари кои ќе се играат вечерва ќе започне четвртфиналната рунда во фудбалскиот Куп на Германија.

Во Леверкузен, вечерва во терминот од 19 часот Баер е домаќин на Вердер, додека од 20:30 часот ќе започне мечот Штутгарт – Борусија Дортмунд.

За утре (среда) закажани преостанатите два натпревари во кој Хајденхајм е домаќин на берлинска Херта, а Бохум го пречекува актуелниот шампион и бранител на трофејот во купот минхенски Баерн.

Во оваа рунда се игра само еден натпревар по кој победниците ќе обезбедат пласман во полуфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top