| четврток, 6 декември 2018 |

Изгласан Законот за слободни здравствени зони

Собранието на Република Македонија попладнево со 56 гласови за и 20 против го донесе Законот со кој се овозможува формирање слободни здравствени зони.

Во второ читање поминаа и Предлог на закон за дополнување на Законот за градење,  Предлог на закон за дополнување на Законот за градежно земјиште и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони.

Продолжението на седницата по останатите точки од дневниот ред е закажано за утре во 12 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top