Полицијата од албанскиот пограничен град Пешкопеја го уапсила водачот на криминалната група, позната како „Сенки во ноќта“ која вршела кражби и разбојништва во четири држави, меѓу нив и во Македонија.
– Уапсено е лицето Бледар Рочи (20) од селото Здојан, Пешкопеја, кој веќе има криминално досие. Неколкупати е осудуван за разни кривични дела. Во истовреме потерница е издадена за три лица, членови на групата на возраст од 23 и 25 години, кои, исто така се осудувани лица, стои во полициското соопштение.
Криминалната група освен во Албанија и во Македонија, вршела кражби и разбојништва и во Косово и Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


