Висок претставник на германската Федерална агенција за вработување тврди дека земјата може да вработи ограничен број на бегалци од сите мигранти кои што дојдоа во земјата лани и на почетокот на годинава.
Пазарот на работна сила е веќе заситен изјавил Детлеф Шеле член на извршниот одбор на Агенцијата за вработување и сенатор од редовите на левицата. Според него, германскиот пазар на работна сила може да прими само околу 350.000 мигранти годишно, што претставува половина од вкупната бројка од 700.000 нови работни места годишно. Лани во Германија беа регистрирани околу 1,1 милиони баратели на азил.
Според анализите на Федералната агенција за вработување, околу 80 отсто од мигрантите се помлади од 45 години и без потребни квалификации. Само осум отсто од нив имаат високо образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


