| четврток, 6 декември 2018 |

Ако денеска не изедете палачинка нема ништо лошо да ви се случи, но знајте: 9 февруари е Ден на палачинките!

Денеска е Ден на палачинките. Ако денеска не изедете палачинка нема да ви се случи ништо лошо, но треба да знаете дека 9 февруари е Ден на палачинките!

Ова е рецептот за палачинки на Џејми Оливер:

Потребни се:

– jajце

– шолја брашно

– шолја млеко

– малку рендана круша или некое друго овошје

– лажичка путер

Подготовка:

Измешајте ги брашното и млекото (важно е двете намирници да користите шолја со иста големина), додајте малку рендано овошје (лажичка, две), во загреана тава растопете го путерот и печете ги палачинките. Филувајте ги по желба.

Наводно, првата палачинка ја направил готвачот на Папата Гелацио Први, кој во 492 година замесил вода, јајца и брашно за да ги нахрани многубројните верници.

Палачинките ги обожувал и Наполеон. Наводно, ги печел навечер, во пресрет на секоја битка со надеж дека ниту една нема да му падне бидејќи тоа било лош знак.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top