Македонскиот цртан филм „Прасето што сакаше да биде птица“ е финалист на најпрестижниот светски фестивал за детска телевизиска продукција „При јунес интернешнел“. Од 400 пријавени детски програми од 60 држави во светот, овој филм влезе во дваесетте финалисти во категоријата на играни програми за публика до шест години.
Цртаниот филм го создаде креативниот тим на НВО „ОХО“. Продуцент е Пеце Талески, сценариото и режијата е на Елеонора Венинова, а анимацијата на Симон Стојановски и на Диме Ѓорѓиевски. Илустрациите се на Тхе Мичо, а музиката е на Мите Димовски.
Фестивалот „При јунес интернешнел“ или „Оскар“ за детска ТВ-продукција, како што го нарекуваат во светот, се одржува 50 години во Минхен. Последните десет години, Македонија преку „ОХО“ е единствениот финалист од Балканот во која било од шестте категории.
Во изборот на финалистите учествуваа претставници на најпрестижните светски медиуми од ББС, ЗДФ, како и Австралиската телевизиска фондација, продуценти на големи продукции и анимациски студија како „Ва Да Да“, „Зумабстицо“ од Чиле, „Ок манки“ од Данска… Досега во финалисти биле и популарните детски програми: „Маша и Медо“, „Улицата Сезам“, „Графало“, „Телетабиси“, „Дора истражува“…
„Прасето што сакаше да биде птица“ досега беше емитуван на повеќе домашни и светски фестивали, како „Манаки“ во Битола, „Зин филм фестивал“ во Чешка, „Сеул гуро интернешнел кидс филм фестивал“ во Јужна Кореја.
Претставници од тимот на „ОХО“ ќе присуствуваат на фестивалот во мај 2016 година, кога ќе биде и прогласувањето на победниците во секоја категорија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст