Утрово околу 09.45 часот дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка во училишниот двор на СУГС „Зефљуш Марку“ помеѓу две групи на ученици.
Од една страна биле три малолетници од Скопје и еден малолетник од Гостивар, додека од друга страна биле четири малолетни лица од скопското село Батинци.
Во тепачката лицата си размениле по неколу удари со тупаници и клоци, а во еден момент лице од втората група извадило нож и четири пати во пределот на главата со сечивото удрил ученик од првата група при што му нанел видлива телесна повреда.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.