
Под силно полициско обезбедување денеска почна судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во Диво Насеље, Кумановско, во мај минатата година.
При влезот во Врховниот суд каде што се одржува судењето, беше извршена темелна проверка на сите што треба да присуствуваат на судењето.
Засилени безбедносни мерки беа преземени и околу судот и локалните сообраќајници, а за време на доведувањето на обвинетите местото го надлетуваа полициски хеликоптери.
Обвинетите се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација“ од чл. 394-а и „тероризам“ од чл. 394-б од Кривичниот законик.
Фото: Ѓ.Личовски (РЕПУБЛИКА)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


























