Србија и официјално ќе стане членка на заедницата за колективна безбедност, која во 1992-та година ја формираше Москва, објавија руските медиуми.
Се работи за воен сојуз наследник на Варшавскиот пакт, чија цел е да се заштити територијалниот и економскиот простор на земјите членки на поранешниот Советски сојуз: Белорусија, Казахстан, Ерменија, Киргистан и Таџикистан. Членството на Србија било договорено за време на посетата на српскиот премиер Дачиќ на Русија минатата недела, а за еден месец се очекува договорот да го потпишат српскиот и рускиот претседател Николиќ и Путин.
Според руските медиуми, вклучувањето на Белград е голем геополитички успех на Москва и дава можност за инсталирање на руски воени бази во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.