| четврток, 6 декември 2018 |

Сопруга на лидер на ИД обвинета за смрт на американска заложничка

zena na liderot na isisСопругата на еден од убиените лидери на Исламската држава Абу Сајаф е обвинета за учество во заговор во кој е убиена американска хуманитарна работничка, која загинала лани додека џихадистите ја држеле како заложник во Сирија, соопшти американското Министерство за правда.

За Нисрен Асад Ибраихим Бахар (25) државјанка на Ирак и сопруга на Абу Сајаф е подигнатно обвинение  поради улога во заговорот, кој заврши со смрт на Кејт Мјулер во 2015 година. Бахар е обвинета дека со сопругот тогаш ја држеле Мјулер како заложник заедно со уште една жена.

Американските разузнавачи му соопштиле на семејството на Мјулер дека нивната ќерка била присилена да има сексуални односи со лидерот на ИД Абу Бакр ал Багдади. Абу Сајаф е убиен во јуни лани во рација на командоси на специјалната единица на американската војска Делта форс во неговото скривалиште во Сирија, а неговата сопруга е предадена на ирачките сили за да ѝ се суди.

Американското министерство за правда соопшти дека го поддржуваат обвинувањето против ирачките власти против Бахар, но и додаваат дека ќе продолжат во намерата да остварат „правда за Кејт“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top