Регионалниот центар за управување со кризи од Кичево додели хуманитарна помош на жителите од улица „Прилепска” во тој град кои неодамна беа погодени со поплавите кои го зафатија тоа подрачје.
– Во соработка со неколку хуманитарни организации доделивме хуманитарна помош за 80 семејства кои најмногу настрадаа при неодамнешните поплави. Помошта се состои од пакетчиња до храна, облека и ќебиња. Вредноста на еден пакет е околу 40 евра во денарска вредност, истакна раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи во Кичево, Сузана Тасевска.
Инаку, во оваа населба диво се населени сиромашни семејства главно од ромска националност кои неодамна добија парични средства кои им беа ветени како помош од државните институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.