| четврток, 6 декември 2018 |

Истражување: Алкохолот е корисен за менталното здравје на постарите жени

Постарите жени кои конзумираат умерени количини на алкохол, ментално подобро функционираат, покажало едно истражување спроведено во Соединетите Американски држави.

Експериментот, спроведен врз седум илјади испитанички покажал дека жените кои секојдневно конзумираат две до три чашки алкохол имаат подобри мисловни способности, во однос на жените кои воопшто не пијат алкохол.

Подобрувањата се однесувале на концентрацијата, вербалните способности, памтењето, како и на апстрактните мисли.

Научниците засега не можат да утврдат на што се должат ваквите резултати, но, напоменуваат дека нивното истражување не треба да се сфати како поттик за конзумирање на алкохол.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top