| четврток, 6 декември 2018 |

Грип нема само во Берово и Демир Хисар

За една недела во Институтот за јавно здравје се регистрирани околу 2.000 пациенти со сезонски грип. На удар е школската популација и децата во градинките. Најмногу заболени пријавиле Струмица, Битола, Прилеп и Свети Николе. Засега Берово и Демир Хисар се единствените градови каде нема ниту еден со грип.

-Очекувано беше со почетокот на второто полугодие да има повеќе кај учениците. Инциденцата кај оваа популација е најголема. Досега вкупната бројка е 4880 случаи, вели Гордана Кузмановска од ИЈЗ

Од Комисијата за заразни болести велат дека ја следат состојбата и доколку има потреба ќе излезат со дополнителни превентивни  мерки.

Според епидемиолозите, вакцинацијата е најдобрата заштита од грипот. Досега се потрошени над 87 проценти од набавените дози. Најголем број од вакцинираните се  постари од 64 години а од вирусот се заштитиле и 814 здравствени работници. Вакцина примиле и околу 400 тини деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top