Другарите од одделението направиле неверојатна работа за шестгодишниот Зејад Ќоралиќ од Сараево, Босна и Херцеговина, кој е глувонем.
Минатата година неговата мајка решила да го испрати Зејад во редовно учелиште, но не била многу среќна бидејќи никој во училиштето не го знаел знаковниот јазик. Неговата учителка Санела Љумановиќ со сите сили се обидувала да допре до Зејад користејќи некои трикови и начини на комуникација, но набрзо сфатила дека не може многу да постигне.
Затоа решила да направи нешто неверојатно за малиот Зејад – го научила целото одделение на знаковен јазик за да можат сите убаво да комуницираат. По три месеци учениците ги научиле основите на знаковниот јазик и сега можат да комуницираат со Зејад.
Самодовербата на Зејад наеднаш многу пораснала.
– Зејад се радува на секое одење в училиште, среќен е и мотивиран – изјави неговата мајка Мирзана.
Неговите другари се многу возбудени што го научиле знаковниот јазик, така што почнале да ги учат и своите родители.
Учителката се надева дека знаковниот јазик ќе во воведат во наставниот план и во програмата во училиштето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст