Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека спровело низа дејства и оформило предмет по јавно допрен глас за случајот на Тамара Димовска од Велес.
– Од преземените дејства произлезе дека како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело – несовесно работење во службата од чл. 353 -в од Кривичниот законик. Во својство на осомничени, лицата се повикани да дадат изјави пред надлежниот јавен обвинител. Истрагата продолжува во насока на целосно расветлување на случајот – се вели во соопштението.
По завршување на сослушувањето ќе биде донесена мериторна јавнообвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено известена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.