И Златан Ибрахимовиќ е меѓу фудбалерите кои се посакувани за кинеската Суперлига. Како што наведува француски “Ла Паризиен“, шведскиот напаѓач има неверојатно богата понуда од екипата на Шангај Шенхуи за негов трансфер во овој клуб од јуни.
Овој тим е блиску до доведување на Езекиел Лавеци, кој следниве денови се очекува да патува за Кина, а на лето Шангај подготвува вистински спектакл со доведување на една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал.
Останува само да се види дали Златан ќе сака да прифати една таква понуда, или ќе се одлучи за останување во Европа. И со 34 години и натаму игра во одлична форма, постигнувајќи сезонава 21 гол во 20 настапи за ПСЖ во првенството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.