| четврток, 6 декември 2018 |

Демолиран скопски кафе-бар, сопственикот претепан

Вчеравечер околу 23.00 часот во Скопје во кафе бар ул.„Скоевска“  Д.К. и Б.К. вербално и физички го нападнале сопственикот Д.Д. (39) од Скопје.

Д.Д. телефонски бил известен дека Д.К. и Б.К. прават проблеми во објектот и истиот се упатил кон објектот. Ги затекнал двајцата како кршат шишиња, фрлат маси и кршат дел од инвентарот. Д.Д. ги предупредил да престанат, по што истите почнале да го навредуват, а потоа физички го нападнале удирајки го со нозе во пределот на градите при што паднал  на земја. Од страна на гостите напаѓачите биле спречени да продолжат со намерата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top