Во рамките на Фестивалот на чајот и на читањето, кој е веќе отворен и се одржува во Културниот центар „Феникс“, терминот од 10 до 17 февруари ќе биде отстапен за Неделата на љубовта.
Имено, посебен акцент ќе биде ставен врз книгите и уметничките слики со тема љубов, кои ќе се продаваат по симболичницени со големи попусти од 50 до 80 отсто.
Љубителите на книгата што ќе се решат за комплетите со книги со љубовна тематика, како подарок ќе добијат и вино.
А, сите посетители на Неделата на љубовта можат да станат членови на Клубот на книгата „Феникс“ со бесплатна легитимацијаза попусти во текот на целата година.
На Неделата на љубовта се презентирани повеќе од 100 изданија со љубовна тематика и исто толку ликовни дела од помал формат – идеални за подароци за вљубените и најблиските.
Инаку, меѓу делата со љубовни теми се издвојуваат: „Мевлем за вљубените“, „Фенг шуи формули за љубов“, „Рецепти за совршен брак“, „Принцезата Султана“, „Љубовница“, „Лифтот (не) е за двајца“ и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


