Продажна изложба на дел од проектите од областа на креативните индустрии, кои беа финансиски поддржани од Министерството за култура во 2015 година, беше отворена во Центарот за дизајн и за иновации „Јавна соба“.
Изложени беа парчиња накит, облека, мебел и други дизајнерски производи со практична и применлива вредност, создадени од 17 млади креативни практичари. Продажната еднодневна изложба ќе биде отворена до 20 часот.
На отворањето на продажната изложба присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.
– Министерството за култура веќе четири години поддржува млади уметници, архитекти за изработка на различни дизајни, на различни предмети, производи, кои подоцна може да се комерцијализираат и, конечно, се формираше еден простор, кој беше идеја подолг период, каде младите уметници, архитекти, дизајнери итн. ќе имаат бесплатни услови за нивното дејствување – изјави Груевски.
Ова, посочи, е простор што порано беше еден речиси напуштен магацин, простор од околу 1.400 квадратни метри на кој секој млад уметник, дизајнер и архитект што сака да направи нешто може да дојде на ова место и бесплатно да добие простор и услови да го направи тоа.
Нагласи дека во Центарот за дизајн и за иновации „Јавна соба“ има простор и за дизајнирање, за производство, за изложби, за продажба и, секако, има кафетерија и други простории ,кои овозможуваат да се одвива едно нормално работење и да може луѓето да имаат добри услови.
– Една постара идеја што се заговараше подолг период се вклопи со идејата на Министерството за култура за помагање на младите дизајнери, младите архитекти, младите уметници, им овозможи бесплатен простор. Многумина од нив тука произведуваат различни предмети, различен вид стока, тука го изложуваат, тука го продаваат, тука разменуваат мислења, се дружат, се забавуваат и, навистина, претставува едно уникатно катче, кое досега го немаше ниту во Скопје, ниту каде било во Република Македонија – рече Груевски.
Тој нагласи дека тоа може да биде добар пример и во други градови да се направи ваков чекор.
– Просторот веќе извесен период функционира и тоа е успешно, има огромна посетеност и се радувам што постарата идеја, која подолг период ја зборувавме, сега стана и реалност – додаде Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст