| четврток, 6 декември 2018 |

Тања Савиќ продолжува со скандалите: дрско однесување на настап на кој и дошле само четириесет луѓе

Некогашната голема надеж на Гранд Тања Савиќ очигледно не може да го прифати фактот дека повеќе не ѕвезда каква што некогаш била, па мислела дека нејзината дрскост ќе резултира  со плод.

85242_1atanja

Имено, како што пишува магазинот Пулс,Тања имала настап во еден ресторан во Лештани за кој требало да добие 2500 евра. Четириесетина нејзини фанови платиле карта од 400 динари и дошле да ја слушнат пејачката, но Тања одбила да настапи и тоа само затоа што новинарите на споменатиот магазин биле присутни.

Таа без срам барала од газдата на локалот да ги исфрли припадниците на седмата сила, што тој го одбил. На крајот пејачката не го добила својот хонорар, а на сите гости им биле вратени парите од влезниците.

85242_1tanja

По се изгледа дека некогашната ѕвезда на Гранд малку се занела и заборавила дека кариерата и оди по надолна линија, па се обидела да глуми дива иако одамна за настап не може да земе 8000 евра колкав и бил хонорарот кога беше популарна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top