| четврток, 6 декември 2018 |

Се шокирала која го видела фотографијата на сопругот на Фејсбук и ја открила неговата тајна

Фејсбук зближува но и разделува.

85250_1fb

Британката Сузан Меклеод Бајк (51) се шокирала кога на социјалната мрежа ја видела фотографијата од својот сопруг Ендру (52) и тоа од венчавка со друга жена.

-на првата сопруга пријателка и кажала дека видела фотографии од венчавка на нејзиниот сопруг и друга жена – кажал тужителот Сиајн Воган.

Додал дека Ендру и кажал на првата жена дека без нејзино знаење тој се развел од неа преку интернет уште пред две години. На полицијата и кажал дека за разводот преку интернет платил 600 фунти.

Сепак, се востановило дека тој развод не бил официјален  по што полицијата го уапсила откако првата жена го пријавиле тврдејќи дека  се уште е во брак со него, пишува Метро.

Адвокатот на мажот кажал дека тој ги предал документите на викар кој го оженил со втората сопруга. –Требаше повеќе да внимава на документите – додал адвокатот.

Ендру на крајот е казнет со 400 фунти како и дополнителни 400 фунти за трошоците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top