Иако продукцијата ја модифицира бојата на гласот на Големиот Брат и тој звучи како робот за да никој не може да го препознае, откриено е кој секој ден три месеци ги надгледуваше станарите и разговараше со нив во исповедалницата.
Станува збор за Борис Триван (37), популарен блогер, кој сите го знаат под псевдонимот Покоја Милева.
-Нема да ве прашам како ме откривте, секоја ви чест. Меѓутоа, поради договорот со кој сум врзан не смеам да ви кажам ништо поврзано со шоуто – изјавил Борис за 24 сата.хр.
Додава дека за три месеци, колку што се снимало реалното шоу, добро се забавувал, но едвај го дочекал неговиот крај бидејќи улогата на Големиот брат е многу напорна.
Борис ги викаше станарите во исповедалницата и разговараше со нив.. Им делеше задачи, ги казнуваше доколку не ги исполнат и ги тешеше кога им беше тешко.
Триван под псевдонимот Покојна Милева со остри коментари се шегува на сметка на политичарите и естрадните личности од регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст