Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека ова е само едно од прашањата кои покажуваат дека има простор за подобрување на билатералната соработка.
-Република Македонија се најде во една многу тешка ситуација. Република Македонија е надвор од евро-атлантските структури. Со оглед на тоа што не сме членка на ЕУ, ниту дел од Шенгенскиот договор, ние ги немаме ниту ресурсите кои на останатите земји членки им стојат на располагање во вакви ситуации. Од друга страна се соочивме со огромен притисок на јужната граница, со тоа што илегални мигранти на нашата територија влегуваа од територија која е дел од ЕУ. Проблемот стана уште покомплексен, со тоа што од нас се бараше да ги штитиме земјите членки на ЕУ кои се крајна дестинација на илегалните мигранти. Токму оваа тема покажа дека далеку полесно ќе се справевме со проблемот, доколку и Република Македонија беше земја-членка на ЕУ. Вака, требаше сами да се штитиме себе си, но и да внимаваме на почитување на сите меѓународни конвенции за човековите права. Ние во повеќе наврати алармиравме дека располагаме со лимитирани капацитети. Беше сосема јасно дека ќе дојде моментот кога ќе треба да се воспостави поцврста контрола на границата. Јас сум свесен дека ниту Македонија сама, ниту Грција сама не може да го решат проблемот. Проблемот е глобален и мора да му се пристапи глобално. Ве уверувам дека заеднички можеме многу повеќе да сториме, низ соработка, транспарентно, без стравувања, заеднички, подвлече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти