Шведската модна куќа „Ејџ енд ем“ ќе ги облекува шведските спортисти за претстојните Летни и Зимски олимписки игри. Денеска беше потпишан четиригодишен договор со шведскиот олимписки и параолимписки комитет.
Оваа марка ќе биде задолжена за изгледот на спортистите за време на свечените церемонии на отворањето и затворањето на ЗОИ во Сочи во 2014 година и на ЛОИ во Рио де Жанеиро во 2016 година. „Ејџ енд Ем“ ќе ја креира облеката што ќе ја носат спортистите за време на тренинзите и за слободните мигови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.