| четврток, 6 декември 2018 |

Прашања за љубовта на кои никој нема одговор

в

Ова се само дел од најчестите:

1. Зошто се заљубуваме во личноста во која сме се вљубиле?

Може да создадете цела листа на тема што сакате кај вашето момче/девојка. Но, дури и да знаете зошто го/ја сакате, постојат илјадници други луѓе со истите карактеристики. Па, зошто тогаш сте ја одбрале токму таа личност? Кога ќе се заљубите има нешто што ве влече кон таа личност и за жал, сѐ уште нема објаснување зошто е тоа така.

2. Зошто љубовта нѐ тера да правиме ужасни нешта?

Некои луѓе повеќе се заљубени во самата идеја на заљубување, отколку во личноста. Тоа чувство ги прави посреќни, но постојат други луѓе кои имаат негативна реакција на нивните силни чувства. Тие лажат, неверни се, крадат и убиваат во име на љубовта. До ден денес е мистерија зошто најубавата емоција може да го истакне најлошото во некои луѓе.

3. Зошто може да се заљубиме, а сепак да бидеме неверни?

Не е тајна дека голем број на мажи и жени изневеруваат. Но, не секогаш станува збор за неверство од нездрави врски. Понекогаш тие ги изневеруваат луѓето кои искрено ги сакаат. Невозможно е да се каже зошто некои од нас се способни да ги повредат оние кои најмногу ги сакаат. А, сепак тоа секојдневно се случува.

4. Како се заљубуваат луѓето кои не зборуваат ист јазик?

Многу од нас користат зборови за да комуницираат. Но, постојат парови кои се заљубуваат, иако не го зборуваат истиот јазик. Понекогаш луѓето едноставно чувствуваат искрено поврзување, иако имаат проблеми да искажат што чувствуваат.

5. Зошто љубовта може да исчезне?

Врските знаат да завршат кога престанува да постои љубов. Ако сте моментално заљубени, тоа ви изгледа сосема невозможно. Но, сакале вие или не, тоа постојано се случува. Нештата кои некогаш сте ги сакале кај партнерот, еден ден можат да почнат да ве нервираат. И како е тоа можно – уште никој нема објаснување.

6. Зошто може да се чувствувате поинаку во различни моменти?

Заљубувањето не е ограничено на еднаш. Постојат луѓе кои повеќе пати се заљубиле. Сепак, чувството не секогаш е исто. Возможно е да се заљубите во две личности на два целосно различни начини. За жал, тешко е да се објасни во што е разликата.

7. Кога допаѓањето преминува во љубов?

Лесно е да го запомните првиот пат кога сте кажале „те сакам“, но тешко е да го одредите точниот момент кога сте се заљубиле во некого.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top