| четврток, 6 декември 2018 |

Бившите сопружници повторно заедно – се смирија Лима и Јариќ

Иако разведени веќе две години, Марко Јариќ и Адријана Лима повторно се заедно, пренесуваат светските медиуми.

Откако топ-моделот раскина со ММА борецот Биг Џо, со кој беше заедно шест месеци, таа се почесто е во друштво на својот поранешен сопруг и татко на нивните две ќерки, велат нивни блиски пријатели.

Неодамна папараците ги уловија кошаркарот и убавицата во Мајами.

lima-jaric-glavna

Муабетите за помирувањето ги потврди и Лима која на фотографијата на Јариќ од Калифорнија, остави коментар несвојствен за разведени другари.

35_1000x0

– Згоден – напиша таа на „Инстаграм“, индиректно потврдувајќи го она што со недели се шушка.

Лима и Јариќ се венчаа на Денот на вљубените во 2009 година, па јавноста е во исчекување дали ќе ја прослават таа годишнина. Ги имаат ќерките Сиена и Валентина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top