| четврток, 6 декември 2018 |

За половина намален бројот на балкански азиланти во Шведска

Alexanda Stiglmayer

Александра Стигелмејер

Бројот на баратели на азил од земјите од Западен Балкан, како, на пример, Србија, Македонија, Босна и Албанија, е преполовен во првото тримесечје годинава, споредено со истиот период лани.

Причината за ваквото намалување би можела да биде засилените гранични контроли што ги воведоа балканските земји, во однос на граѓаните што патуваат во странство.

– Заканите од страна на ЕУ за повторно воведување визи доведоа до засилување на граничните контроли во земјите од Западен Балкан, пред сѐ за Ромите, при што илјадници луѓе се запрени на граничните премини – вели Александра Стигелмејер при организацијата „Европска иницијатива за стабилност“ во Брисел.

Граничната полиција прашува каде имаат намера да патуваат, дали имаат повратни билети, колку пари носат со себе и колку багаж имаат.

– Притоа се запираат лица за кои има сомневања дека би можеле да бараат азил во ЕУ – вели Александра Стигелмејер за шведското радио.

И Фредрик Бејер, шеф на правната служба при шведскиот Миграциски завод, смета дека намалувањето на бројката на азиланти од Западен Балкан би можело да се должи на заострените гранични контроли. Откако ЕУ воведе визна либерализација за земјите на Западен Балкан, драстично се зголеми бројот на баратели на азил од овие земји во Шведска. Но, мнозинството од нив, околу 99 проценти, добиле негативен одговор на своите барања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top