Вчера во 16.00 часот во Скопје на ул.„Даутица“ во скопската општина Ѓорче Петров, настанал пожар во куќа сопственост на Г.М.(47).
Од пожарот со повреда во окото се здобил М.Н.(64) од Скопје, кој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во ГОБ „8-ми Септември“ и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Пожарот е целосно локализиран од страна на екипите на скоспката противпожарна бригада.
Целосно е опожарен вториот спрат од куќата, со површина од околу 65 м2 и дел од покривната конструкција.
Во моментот кога избил пожарот во куќата биле сопственикот со неговата сопруга и внукот, кои веднаш ја напуштиле кога го забележале чадот.
Како причина за пожарот првично се наведува неисправна електрична инсталација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


