| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец хакирал профил на девојка и објавувал недолични работи во нејзино име

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството  за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против О.В.(37), за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавениот во период од неколку месеци незаконски обезбедил лични податоци на  оштетената Л.Ш. на социјалната мрежа „Facebook“ и активно ги користел во повеќе наврати. Ги злоупотребил нејзините лични податоци на интернет, односно пристапувал на нејзиниот профил и од него објавувал разни објави и фотографии со недолична содржина, информира денеска МВР.

Откако оштетената го пријавила случајот Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика почнал истрага и извршил анализа на добиените ИП адреси, кога е извршена злоупотреба на личните податоци, а воедно утврдени се повеќе ИП адреси со точно време и датум кои по анализата наведуваат дека нивен корисник бил пријавениот О.В.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top