Поради штрајк на грчките земјоделци граничниот премин „Меџитлија“ целосно е во прекин за влез и излез од Грција. Прекинот што почна во 10 часот ќе трае до 15 часот, а продолжува вечер од 18 до 23 часот, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Според АМСМ, поради изведување работи на пат (минирање), за денеска од 13 до 15 часот, во интервали од 15 до 20 минути, е најавен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид на делот помеѓу Пресека – село Врбјани.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст