По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи за едно лице вработено во МВР, а за сторено кривично дело незаконито влијание врз сведоци, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ги презеде сите потребни дејства за утврдување на фактите во предметот.
-По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи за едно лице вработено во МВР, а за сторено кривично дело – незаконито влијание врз сведоци, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ги презеде сите потребни дејства за утврдување на фактите во предметот. Притоа е утврдено дека постои основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дело што му се става на товар, односно дека со нудење поткуп влијаел на едно лице, а со цел лицето да се појави како сведок во постапка пред суд и да даде исказ во определена насока. Денеска надлежниот обвинител, по завршување на постапка и целосно расветлување на настанот, до надлежниот Основен суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинителен предлог против обвинетиот за сторено кривично дело – незаконито влијание врз сведоци од член 368- а, ст. 1 од Кривичниот законик, стои во соопштението на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Денеска надлежниот обвинител, по завршување на постапка и целосно расветлување на настанот, до надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против обвинетиот за сторено кривично дело незаконито влијание врз сведоци од член 368-а, ст. 1 Кривичниот законик.
Медиумите во неколку наврти пишуваат дека дел од тимот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева како подготовка на реализацијата на сценариото на лидерот на СДСМ, Зоран Заев почнал и со конкретни активности. Изминативе денови спротивно на законот стартувале со притисоци и закани кон поединци, нелегални повикувања и забрани за присуство на адвокат при сослушувањето на лицата.
Но, во меѓувреме, голем број граѓани се охрабрија да го пријават незаконското работење на СЈО и поднесоа кривични пријави во кои тврдат дека обвинителите на Јанева врз нив вршеле силен притисок, им се заканувале и ги заплашувале без присуство на адвокат и без вклучени камери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст