| четврток, 6 декември 2018 |

Запален автомобилот на директорот на „Зеф Љуш Марку“

seat ibiza izgorena

Непознат вчера вечер го запалил автомобилот на 48-годишниот М.Р. од Скопје, директор на средното училиште „Зеф Љуш Марку“.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 18.30 часот во скопската населба Чаир. Засега се знае дека била истурена запалива течност врз возилото „сеат ибица“, сопственост на М.Р., а потоа било запалено. Пожарот навреме бил локализиран, а полицијата почнала истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top