Бидејќи е една од најбогатите млади наследнички во Велика Британија, логично беше Тамара Еклстоун своето тело да го прекрие со дијаманти за насловната страна на „Плејбој“.
Сексапилната Тамара се соблече за мајското издание на популарното списание на Хју Хефнер. „Плејбој“ неодамна ја објави првата фотографија од снимањето, а сега ја откри и насловната страница.
Дваесет и осумгодишната црномурна девојка одлучи цела да се разголи, а својата интима да ја покрие со огромен дијамант. На себе има само вртоглави потпетици и лежи на зајчето на „Плејбој“ сочинет со кристали.
Покрај насловната страница, Тамара ќе се најде во едиторијалот на осум страници. Списанието ќе се појави во киосците в петок (19.04).

Едиторијалот е замислен во ретростил, кој потсетува на гламурозни педесети години.
– Премногу сум горда на ова снимање. Верувам дека секоја жена мора да го прифати своето тело и да се чувствува убава и однадвор и однатре. Навистина сум почестена што бев дел од најпознатото списание со 60-годишна традиција – изјави Тамара.
Во интервјуто, кое е поткрепено со фотографии, таа свесно вели дека нема да го повтори успехот на својот татко, сопственикот на Формула 1, но сака да направи сопствено име како успешна бизнис-жена.
На прашањето дали нејзината мајка ја критикувала поради разголувањето за „Плејбој“, Тамара одговорила:
– Јас немам проблем со соблекување и разголување.
Тамара Еклстоун гордо ни го пренесе ова уживање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


