| четврток, 6 декември 2018 |

Об­ле­че­те рол­ка оваа зи­ма

Ако рол­ка­та ја кра­си го­ле­ма ја­ка, то­гаш си­гур­но сте во тренд. Иде­ал­ни се за ве­тро­ви­ти­те зим­ски де­но­ви, а освен во ком­би­на­ци­ја со џинс, мо­же да се но­си со ма­кси-здол­ни­шта и со ми­ни-здол­ни­шта, или под го­ле­ми­те трен­дов­ски ша­ло­ви

Ако мис­ли­те де­ка во рол­ки­те не мо­же да изг­ле­да­те шик, то­гаш сте во го­ле­ма заб­лу­да. Тие се топ­ли и удоб­ни, а оваа зи­ма се вра­ти­ја во го­лем стил и тоа со го­ле­ми ја­ки.

Се ве­ру­ва де­ка рол­ки­те на­ста­на­ле во 15. век, а ста­на­ле по­пу­лар­ни во 19. век, ко­га ста­на­ле во­о­би­ча­ен дел од уни­фор­ми­те на фи­зич­ки­те ра­бот­ни­ци, на мор­на­ри­те, на по­ли­цај­ци­те и на спор­ти­сти­те. Во 20. век ста­ну­ва­ат от­мен дел од об­ле­ка­та би­деј­ќи се сме­та­ат за за­шти­тен знак на умет­ни­ци­те и на ин­те­ле­кту­ал­ци­те. Во пе­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век ста­наа сим­бол на от­по­рот на фор­мал­ни­от на­чин на об­ле­ку­ва­ње, а во исто вре­ме ста­наа дел и од жен­ска­та мо­да.

018bd57afbb464e36f28f61c18f87ebd

Без раз­ли­ка да­ли ста­ну­ва збор за де­бе­ла пле­тка, од­нос­но да­ли се тоа ши­ро­ки и удоб­ни мо­де­ли или тес­ни, еле­гант­ни, кои ја сле­дат ли­ни­ја­та на те­ло­то, рол­ка­та е за­дол­жи­те­лен дел од зим­ска­та гар­де­ро­ба.

36ee3ec57bc9a8124f8382a9c9d045bc

Ако рол­ка­та ја кра­си го­ле­ма ја­ка, то­гаш си­гур­но сте во тренд. Иде­ал­ни се за ве­тро­ви­те зим­ски де­но­ви, а освен во ком­би­на­ци­ја со џинс, мо­же да се но­си на ма­кси-здол­ни­шта и на ми­ни-здол­ни­шта, или под го­ле­ми­те трен­дов­ски ша­ло­ви.

45d95baa457254ac5673da962532bc10

Ком­би­на­ци­ја­та со ин­те­рес­но здол­ни­ште и со пал­то или ка­пут мо­же да би­де мош­не впе­чат­ли­ва ком­би­на­ци­ја. Или пак, ту­ни­ка со тес­ни фар­мер­ки, ви­со­ки чиз­ми и ка­пут – што е мно­гу мо­де­рен и со­фи­сти­ци­ран изг­лед.

c476c1a57dc4d47ce05df8397746586f

За днев­ни ва­ри­јан­ти, рол­ка­та мо­же да се ком­би­ни­ра со фар­мер­ки, па­ти­ки, чев­ли или со кра­тки чиз­ми и јак­на, со ман­тил или со ка­пут.

x2505

Од­бе­ре­те го она што најм­но­гу му при­ле­га на ва­ши­от стил и иско­ри­сте­те го ова пар­че на нај­до­бар мо­ден на­чин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top