| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто жените потешко слабеат од мажите?

Поради влијанието на хормоните на жените им е потешко да ослабат отколку на мажите, покажа едно истражување што го водеа британски и американски научници.

Во некои делови на светот екстремната дебелина е почеста кај жените отколку кај мажите, покажуваат податоците од Светската здравствена организација (СЗО).

Утврдено е дека клучот лежи во хормоните задолжени за контрола на апетитот, телесната активност, потрошувачката на енергија и, на крајот, намалувањето на телесната маса.

Станува збор за проопиомеланокортин пептиди кои се произведуваат во делот на мозокот, вклучен меѓу другото, во процесот на согорување на калории.

Експериментите спроведени на животни покажаа дека дејството на овие хормони зависи од полот, пишува стручното списание „молекулар метаболизам“.

Според СЗО, вишок килограми имаат 1,4 милијарда луѓе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top