Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, продолжува да го крши законот.
Тој вчера незаконски поставил началник на Одделението за слободен пристап до информации од јавен карактер. За оваа функција го избрал Тони Ангеловски, досегашен новинар во телевизијата „24 Вести“, пишува „Денешен“.
Според порталот, со ваквото назначување, СДСМ и во практика покажа колку сакаат слободно новинарство и колку нивните заложби во оваа насока се лажни.
Новинарот Ангеловски утрово им е претставен на вработените во МВР како нов началник на Одделението за слободен пристап до информации од јавен карактер. Станува збор за новинар што работеше во опозициски медиум, јавно бранејќи ги тезите на СДСМ. Спасовски со оваа одлука уште еднаш го погази системот на кариера во МВР и постави на раководна позиција партиски кадар на СДСМ.
Спасовски од СДСМ многу добро знае како се вработуваат луѓе во МВР. Секој нововработен, во согласност со законот, прво има статус на приправник. Приправничкиот стаж трае една година, а дури по негово завршување, работникот се оценува пред комисија и се распоредува на најниската позиција. Ова правило важи за сите!
Очигледно, исклучок се прави само за партиските кадри на СДСМ, па Спасовски го поставува новинарот на позиција началник.
Зошто ваквото вработување е скандалозно?
Во табелата се јасно наведени условите кои треба да бидат исполнети за едно лице да биде поставено за началник на Одделението за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Новинарот од „24 Вести“ нема седум години искуство, ниту, пак, досега бил вработен во министерството, туку во опозициската телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст