| четврток, 6 декември 2018 |

Од куќа во Скопје украдени 200.000 денари и златен накит

Вкупно 200.000 денари, 800 евра, 20 швајцарски франци, два мобилни телефона и разновиден златен накит се украдени вчера од куќа на улицата „Кавалска“ во Скопје.

Според полицијата, кражбата се случила во периодот од 12 до 17 часот, а осомничен е непознат сторител кој насилно влегол преку еден од прозорите на куќата, сопственост на С.М.(42).

Разбојникот со кражбата стекнал противправна имотна корист од околу 400.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top